Новости

Мрежа 23 е оценета како позитивен пример од Европската комисија

Мрежа 23 е оценета како позитивен пример од Европската комисија

Извештајот од среднорочната евалуација на програмата за граѓанско општество за Западен Балкан и Турција на Европската комисија ја истакнува неформалната мрежа „Мрежа 23“ како позитивен пример во поглед на својата улога во зајакнување на владеењето на правото во Македонија. Во извештајот од евалуацијата се потенцира дека проектите „Мрежа 23“ и „Мрежа 23+“, врз кои е воспоставена Мрежа 23 како неформална мрежа, оствариле посебно влијание во:

  • → обезбедување на релевантна и ефективна поддршка во зајакнувањето на капацитетите и тематско врмрежување во областа на владеењето на правото;
  • споделување на знаењата (тематски и методолошки) од поразвиените граѓански организации, кон помалите граѓаски организаици, кои работат на конкретни предизвици во областа на владеењето на правото, кои влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.
  • успешна комбинација и соработка помеѓу истражувачка организација (ЕПИ како тинк-тенк) и организација која застапува (Хелсиншкиот комитет), која го надополнува меѓусебното тематско и методолошко знаење
  • брендирање и комуникација на сложени теми преку едноставни веб алатки (merc.org.mk) и визуелизации кои можат да бидат разбирливи за граѓаните и медиумите
  • успешно застапување и влијание од мрежата врз националните институции (по промената на власта), врз ЕУ и врз донаторите. 
  •  

Проектот „Мрежа 23“ и неговата надградба - проектот „Мрежа 23+“, се водени од Институтот за европска политика (ЕПИ), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, како и Центарот за управување со промени (во првиот проект само).

Во извештајот се наведува и проектот ВЕБЕР, како добар пример за создавање на трајни промени во институциите. Овој проект е имплементиран од Think for Europe Network, на која ЕПИ е членка.

Целосниот извештај можете да го најдете на линкот.