Новости

Европската иднина на Македонија започнува со Поглавјето 23

Европската иднина на Македонија започнува со Поглавјето 23

 

 

Поглавјето 23, кое ги опфаќа правосудството, борбата против корупцијата и темелните права на граѓаните претставува првото поглавје кое се отвора во преговорите со Европската Унија, заедно со Поглавјето 24. Со ова, Унијата ја истакнува важноста на принципот на владеење на правото, како една од своите најзначајни вредности. Од овие причини, од голема важност е да се дискутираат состојбите и предизвиците кои следуваат во Поглавјето 23, особено нагласено пред носењето на одлуката на Советот на ЕУ за евентуален почеток на преговори со ЕУ.

Овој краток документ за јавна политика се темели на ставовите изнесени на завршната конференција од проектот Мрежа 23+, која се одржа на 5 јуни, под насловот „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“. Конференцијата се состоеше од 4 сесии, според структурата на Поглавјето 23, на кои дебатираа политичари,  експерти, говорници од повеќе институции, организации и меѓународни партнери, со цел утврдување на состојбата во Република Македонија, како и најзначајните чекори кои државата треба да ги преземе во наредниот период. 

--

Овој настан се организираше во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, а поддржан од Општина Центар. Мислењата наведени во овој документ се мислења на авторите и не ги одразуваат ставовите на донаторите.

  • Европската иднина на Македонија започнува со Поглавјето 23 - краток документ за политика [.pdf 1610KB]