Новости

Не во наше име!

Не во наше име!

 

Не во наше име! [реакција за измените во Кривичниот законик]

Почитуван претседател на Собранието,
почитувани предлагачи на Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка,
почитувани пратеници,

Ние, долупотпишаните граѓански организации, бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.

Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи на обвинетите во предметите кои ги води СЈО да добијат помали казни или делата да застарат и со тоа, да не одговараат за криминалот.

Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста.

- Фондација Отворено општество - Македонија
- Metamorphosis Foundation
- НВО Инфоцентар
- Eurothink - Centre for European Strategies
- Forum-CSRD / Форум-ЦСИД
- Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)
- Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje
- Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute - EPI
- Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR
- Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia
- Macedonian Young Lawyers Association
- Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје (AGORA)
- ЦИВИЛ - Центар за слобода се приклучува на иницијативата (Civil MK)
- Коалиција Маргини
- Центар за современи уметности (Contemporary Art Center Gallery - Qendra dhe Galeria për Art Bashkëkohor)