Цел:
Утврдување на ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан и придонесување кон подобрување на овој механизам како поттик за ЕУ реформи во земјите од регионот.
- Тематски области:
- ● Европска интеграција
- ● Пристапување кон ЕУ
- ● Ефикасност на одредниците
- Активности:
- ● Развивање на методологија за оценување на ефикасноста на механизмот на одредници;
- ● Анализа на извештаите на ЕК2016;
- ● Национални студии и оценка на ефикасноста на одбраните одредници и изработување на регионална компаративна анализа;
- ● Национални настани, регионален настан и средби со националните претставници одговорни за координација на процесот на интеграција во ЕУ;
- ● Средби за застапување со претставници на избрани земји- членки на ЕУ како и со претставници на делегациите на ЕУ во секоја земја.
- Клучни целни јавности:
- a) Во ЕУ:
- Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија; Министерства за надворешни работи во земјите членки на ЕУ.
- б) во Македонија:
- Службеници во институциите задолжени за координација на процесот на интеграција во ЕУ; академците чија област на истражување е ЕУ проширувањето, грага́нски организации вклучени во процесот на ЕУ интеграција, како и пошироката јавност.
- Резултати:
- ● Компаративен прегледна годишните извештаи на ЕК за 2016 година;
- ● Развиена методологија за оценување на механизмот на одредници за ЕУ членство на земјите од Западен Балкан.
- ● Студии за државите според избраните одредници;
- ● Резиме на политики вклучувајќи и препораки за подобрување на механизмот на одредниците.