Програми

Пристапување во ЕУ - следење и застапување: Ревизија на перформансите и евалуација на политики на Западен Балкан

Во рамките на Регионалната програма за промоција на истражувања во Западен Балкан (RRPP), Центарот за европска политика, заедно со Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје и Институтот Алтернатива од Подгорица, спроведе истражување за проценка на политики и ревизија на успешноста, која траеше 12 месеци.

Проектот имаше за цел да го анализира односот помеѓу ревизијата на успешноста и евалуацијата на политиките и да ги дефинира заклучоците засновани на компаративни практики. За таа цел, ревизијата на успешност и евалуацијата на политиките беа разгледани во Србија, Црна Гора и Македонија, заедно со компаративни практики од шест земји-членки на ЕУ. Крајниот производ на истражувањето беше студија со заклучоци и препораки кои имаат за цел да ги промовираат принципите на добро управување и да придонесат за воведување на подобрен систем за евалуација на политиката во јавната администрација. Резултатите од истражувањето беа презентирани на регионална конференција во Белград.

RRPP има за цел да поттикне и промовира истражувања во општествената сфера во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија). Општествените научни истражувања придонесуваат за поголемо разбирање на специфичните потреби за реформи и помагаат во идентификувањето на долготрајнтие ефекти од изборот на политиките. Истражувачите добиваат поддршка преку истражувачки грантови, методолошки и тематски тренинзи, а добиваат и можност за регионална и меѓународна размена и вмрежување. RRPP се координира и извршува од Меѓуфакултетскиот институт за Централна и Источна Европа (IICEE), во рамките на универзитетот во Фрибург (Швајцарија). Програмата е целосно финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), како дел од Федералното министерство за надворешни работи.

Истражувачкит проект под насловот „Ревизија на перформансите и евалуација на политики на Западен Балкан“ финансиски беше поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).